Американскиот претседател Џо Бајден одлучи, во договор со неговиот тим за национална безбедност, да се придржува до крајниот рок за повлекување на војниците од Авганистан на 31 август, изјави висок претставник на администрацијата, пренесува Си-Ен-Ен.
Бајден ја донесе одлуката со оглед на безбедносните ризици поради подолгиот престој во земјата, рече официјалниот претставник и повика на итни планови во случај подоцна да утврди дека САД треба да останат во земјата подолго.
Иако САД евакуираат десетици илјади луѓе од земјата, ситуацијата во Авганистан е се уште многу тешка, и многу Авганистанци кои работеа и им помагаа на американските војници се уште го чекаат својот ред да заминат. Американските власти соопштија дека постои закана од терористички напади на аеродромот во Кабул, додека маси луѓе се собираат пред и околу влезот на аеродромот.
За потсетување, Талибанците денеска повторија дека Американците мора да го напуштат Авганистан до 31 август. Некои светски функционери побараа од Бајден САД да останат во оваа азиска земја и по тој рок.