Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во понеделникот објави дека го номинирал Вилијам Брнс за шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), избирајќи пензиониран дипломатски ветеран кој помогнал во водењето тајни разговори со Иран.
Брнс поминал повеќе од три децении во службата за надворешна политика на САД, вклучително и како амбасадор во Русија од 2005-2008 година, и извршувал други високи функции во Стејт Департментот.
„Вил Брнс е пример за дипломат со децениско искуство на светска сцена, одржувајќи ги нашите луѓе и нашата земја мирни и безбедни“, рече Бајден во соопштението за печат издадено од неговиот преоден тим.
Брнс, кој магистрирал и докторирал на Универзитетот во Оксфорд, служел и како амбасадор на САД во Оман од 1998 до 2001 година.
Брнс се сметаше за најверојатен кандидат за шеф на Стејт департментот по победата на Бајден, со оглед на неговото огромно искуство во справувањето со Иран.
Тој учествувал во тајните преговори што го отворија патот за постигнување договор во 2015 година за ограничување на иранските нуклеарни капацитети.