313
Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша предлог-закон за буџет во вредност од 1200 милијарди долари, со кој се обезбедува финансирање на американската влада до септември.
Белата куќа објави дека Бајден го потпишал законот во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, пренесува АП.
За усвојување на буџетот гласаа 74 сенатори, а 24 беа против, откако на полноќ истече рокот за финансирање на агенциите, пренесе АП.
Претходно денеска, Сенатот на американскиот Конгрес го усвои законот со кој беше отстранета заканата за блокирање на работата на владините агенции.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека не било лесно да се постигне договор за буџетот, но упорноста се исплатеше.