Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден денеска разговараа нешто повеќе од еден час за ситуацијата околу Украина. Во разговорот, кој, според американските медиуми, траел 62 минути, Бајден предупредил на сериозни последици доколку Русија изврши инвазија.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден е решен дека САД и нивните сојузници решително ќе одговорат доколку Русија одлучи да изврши инвазија и дека тоа ќе ја чини Русија многу.
Претседателот на Соединетите Држави смета дека секој обид од руската инвазија на Украина ќе предизвика тешко страдање за човечкиот род и ќе ја намали позицијата на Русија.
Според Белата куќа, Бајден јасно му ставил до знаење на Путин дека, иако САД се подготвени да решат сè по дипломатски пат, тие се подготвени и за други сценарија.
Да потсетиме, двајцата претседатели претходно разговараа во декември, по што следеа неколкунеделни дипломатски обиди ситуацијата да се реши по дипломатски пат.
Тоа резултираше со бројни средби на руските министри за надворешни работи со европските колеги, но и средбиа на светските лидери со Путин и Бајден.
Во последните денови ситуацијата дополнително се влоши, поради што повеќе од десет земји наредија повлекување на нивните дипломати и граѓани од Украина.