Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече Tesla „најголемиот американски производител на електрични автомобили“, според западните медиуми.
Говорот на претседателот доаѓа откако извршниот директор на Tesla, Елон Маск го критикуваше Бајден дека навидум ја игнорирал неговата компанија и ги фалел нејзините конкуренти.
„Од 2021 година, автомобилските компании најавија инвестиции во вкупна вредност од повеќе од 200 милијарди долари во локалното производство, овде во Америка“, рече Бајден за време на говорот за производство на автомобили во Соединетите држави.
Претседателот цитираше податоци од „иконските компании како GM и Ford“ и ја спомена „Tesla, која несомнено е најголемиот производител на електрични возила во САД“.
Бајден ги пофали компаниите што помогнаа да се врати „производството на микрочипови во Америка по децении“.
Од своја страна, Маск одговори на спомнувањето на неговата компанија на Твитер со весели емотикони и се заблагодари за создавањето на петиција со повеќе од 58.000 потписи, повикувајќи ја Белата куќа „да го признае лидерството на Tesla во однос на електричните возила“.
Маск постојано се жали дека администрацијата на Џо Бајден се чини дека „замижува“ пред неговата компанија, а во исто време, ги фали потрадиционалните производители на автомобили, кои, сепак, помалку се потпираат на производството на електрични возила.
Сопственикот на Tesla беше видно лут во јануари оваа година, откако американскиот претседател ги пофали гигантите General Motors и Ford дека „градат се повеќе и повеќе
повеќе електрични автомобили овде дома, повеќе од кога било“. Tesla не беше спомната.
„Почнува со Т… завршува со А… ESL е во средината“, напиша Маск на Твитер тогаш.
Моделот Y и Model 3 на Tesla, кои се произведени во САД, се најпродаваните електрични автомобили во земјата.