Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада.
Со оваа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, измени и дополнување на трите наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.
Регулативата од 2021 година предвидува дека санкциите, блокирање на имотот и суспензија на влез во САД, се однесуваат на лица кои се директно или индиректно одговорни за дејствија и политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на област или држава во Западен Балкан, ги поткопува демократските процеси или институции, кршењето на човековите права или корупцијата.
Беше наведено и дека санкциите се применуваат на лица кои директно или индиректно учествувале или се обиделе да учествуваат во кршење, попречување или загрозување на спроведувањето на договорите за регионална безбедност, мир или за меѓусебно признавање на Западен Балкан.
Тие вклучуваат „Договорот од Преспа од 2018 година; Охридски рамковен договор од 2001 година; Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН; Дејтонски договор; или заклучоци од Советот за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година, вклучувајќи одлуки или заклучоци на високиот претставник, Советот за имплементација на мирот или неговиот Управен одбор или Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.
Што има ново?
Во новата регулатива се додава дека санкциите се применуваат на секој кој американското Министерство за финансии, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека е лидер, службеник или член на ентитет, вклучително и владин субјект, кој учествувал или се обидел да учествува во некоја од активности дефинирани во претходната регулатива или чии средства и интереси во средства се блокирани во согласност со тој пропис.
Мерките се однесуваат и на лицата кои материјално помогнале, спонзорирале или дале финансиска, материјална или технолошка поддршка, или стоки или услуги за поддршка, на секое лице чии средства и интереси во средства се блокирани во согласност со таа регулатива.
Како и оние за кои ќе се утврди дека го контролираат, директно или индиректно, секое лице чии средства и интереси во имот се блокирани во согласност со регулативата.
Мерките сега се однесуваат и на сопружници или возрасни деца на лица чии средства и интереси во имот се блокирани во согласност со уредбата.
Бајден во декретот наведе дека дополнителните чекори се преземаат „во светло на настаните на Западен Балкан, вклучително и континуираните обиди на поединци да го оспорат суверенитетот и територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан, да ги поткопаат повоените договори и институции и се вклучени во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократското владеење и се прават обиде да се избегнат санкциите на американската влада“.