Бајден го заборави името на австралискиот премиер

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Австралијците беа шокирани кога денеска американскиот претседател Џо Бајден му се заблагодари на нивниот премиер што се приклучил на големата нова одбранбена алијанса – но се чини дека го заборави неговото име.

Наместо да се споменува по име за неговата улога во договорот САД-Обединетото Кралство-Австралија, премиерот Скот Морисон стана „овој колега таму долу“ (Down Under e фраза што ја опишува Австралија или Нов Зеланд“ – н.з.).

Во телевизиското соопштение за настанот во Белата куќа, Бајден беше опкружен со големи видео екрани, на кои присуствуваа британскиот премиер Борис Џонсон и австралискиот Морисон, кои учествуваа од далечина.

„Благодарам, Борис и … и сакам да му се заблагодарам на колегата таму долу. Ви благодарам многу, пријателе. Го ценам, господине премиере”, рече Бајден при објавувањето на договорот со кој Австралија ќе добие подморници со нуклеарен реактор.

Се чинеше дека Бајден ја сфати својата грешка, а потоа точно го идентификуваше австралискиот лидер, кој претходно одговори на очигледниот пропуст со насмевка и палец нагоре.

Но, за некои беше предоцна.

„Благодарам пријателе: Бајден изгледа го заборави името на Морисон“, беше насловот во „Cairns Post“.

Договорот за одбрана „можеби не беше означен со брилијантниот почеток на кој се надеваше Морисон, се разбира, кога американскиот претседател Џо Бајден се чини дека го заборави неговото име во клучниот момент“, се вели во анализата на „Сиднеј морнинг хералд“.

Слични содржини