Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на американскиот претседател Џозеф Бајден и на други високи американски функционери им е забранет влез во Русија.
Според руското министерство, санкционирањето на американските функционери „е последица на крајно русофобната политика што ја води сегашната американска администрација“.
Russia bars entry to Biden and Canada's Trudeau https://t.co/fduxRXn97v pic.twitter.com/bFGP5GBVv9
— Reuters (@Reuters) March 15, 2022
Забрана за влез во Русија од денеска добија и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на секретарот за одбрана Лојд Остин, на советникот за национална безбедност Џејк Саливан, на директорот на ЦИА Вилијам Барнс и на секретарката на Белата куќа Џен Псаки.
На овој начин Русија санкционираше двајца американски државјани кои не се дел од сегашната администрација – Хилари Клинтон и Хантер Бајден, синот на претседателот, како и претседателот на Канада, Џастин Трудо.