Бајден и Трудо повикаа на итно ослободување на новинарот на Волстрит журнал

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо побараа итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ, кој беше уапсен во Русија под обвинение за шпионажа.

Белата куќа го нарече „смешно“ обвинението за шпионажа.

„Премиерот и претседателот зборуваа за незаконското приведување на новинарот на Волстрит журнал,  Еван Гершковиќ, од страна на Русија и повикаа на негово итно ослободување“, се вели во соопштението од канцеларијата на Трудо по телефонскиот разговор на канадскиот премиер со Бајден.

Слични содржини