203
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е импресиониран од силниот отпор на украинската армија, а САД ветија дека ќе ја продолжат воената помош за Киев за да може да „возврати“ во воениот конфликт со Русија, пренесе Би-би-си.
„Тие се пожилави и погорди отколку што мислев“, рече Бајден во средата на состанокот со неговите врвни советници за одбрана.
Американскиот претседател оцени и дека „обединето, фокусирано и енергично“ НАТО го изненадило рускиот лидер Владимир Путин.