179
Претседателот Џо Бајден изјави денеска дека САД ќе обезбедат нова безбедносна помош во вредност од 1 милијарда долари за Украина.
„Во последните недели, Соединетите Американски Држави одлучија да испратат 1 милијарда долари нова безбедносна помош за Украина, што се состои од противвоздушни системи, противтенковско оружје, беспилотни летала и милиони парчиња муниција“, рече Бајден на самитот на НАТО, додавајќи дека ги поздравил одлуките на другите земји за помош во воена опремаза Украина.
Тој го нарече формирањето на четири нови борбени групи на истокот на ЕУ, во Словачка, Романија, Бугарија и Унгарија, „силен сигнал“ дека НАТО „колективно ќе го брани и заштити секој дел од својата територија“.