Бајден: Израел е подготвен за прекин на огнот за време на Рамазан

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави за време на посетата на Њујорк дека Израел ќе биде подготвен за прекин на огнот во Газа следниот месец, за време на муслиманскиот празник Рамазан, доколку се постигне договор за ослободување на некои од заложниците кои ги држела палестинската милитантна група.

„Се ближи Рамазан и имаше договор од страна на Израелците да не се впуштаат во активности за време на празникот за да ни дадат време да ги извадиме сите заложници“, рече Бајден на американската телевизија Ен-Би-Си.

Рамазан започнува на 10 март и се смета за неофицијален рок за постигнување договор за прекин на огнот.

Претседателот на САД во емисијата „Late Night With Seth Meyers“ додаде дека верува оти Израел го намалил бомбардирањето на Рафа, град на југот од Појасот Газа и посочи дека Израелците се обврзале да се евакуираат голем дел од тој град пред копнената инвазија, пренесува АП.

Слични содржини