Бајден ја обновува иницијативата за рак „Муншот“, се планира намалување на смртноста за 50 проценти

од Milan1
303 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ги објави плановите за намалување на смртноста од рак за најмалку 50 проценти во следните 25 години, во обид да ја оживее иницијативата „Муншот” („Moonshot”).
Целта на иницијативата е да се забрза истражувањето и откривањето на ракот, да се направат достапни повеќе методи за лекување, но и да се поттикне превенцијата.

Бајден ја водеше иницијативата за време на администрацијата на Барак Обама, кога беше потпретседател.
Синот на Бајден, Бо, почина од рак на мозокот во 2015 година на 46-годишна возраст, поради што претседателот рече дека се зголемила неговата желба за проектот.

Според новиот план, во Белата куќа ќе биде назначен специјален координатор, ќе се формира официјална агенција за рак која ќе ги спои владините оддели и агенции, а ќе биде обновен пристапот до рано откривање на ракот.

Откако иницијативата беше покрената во 2016 година, научниците рекоа дека е потребна голема промена во начинот на кој се спроведува истражувањето на ракот во Соединетите Американски Држави за да се постигнат целите на програмата.

Слични содржини