Бајден: Ја разгледуваме идејата за бојкот на Олимписките игри во Кина

од Nikola Popovski
287 прегледи

САД размислуваат за дипломатски бојкот на претстојните Зимски олимписки игри во Кина, изјави пред новинарите американскиот претседател Џо Бајден.

Запрашан да ги коментира извештаите на американскиот печат за можен дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг, тој рече: „Ја разгледуваме оваа идеја“.

24-тите Зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг од 4 до 20 февруари 2022 година, а Параолимписките игри од 4 до 13 март.

Како што објави во вторникот „Вашингтон пост“, американската администрација планира да се договори за дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг, што би вклучувало и одбивање да испрати официјални лица на настаните по повод овие натпреварувања.

Весникот објаснува дека конечната одлука за ова прашање во Вашингтон се уште не е донесена.

Сепак, според „Вашингтон пост“, Бајден веќе добил препораки за бојкот, со кои има намера да се согласи.

Одлуката на претседателот се очекува, наводно, пред крајот на овој месец.

Фото: Profimedia

Слични содржини