БАЈДЕН ЈА СТОПИРА ОДЛУКАТА НА ТРАМП: Американската војска останува во Германија

од Берта Китинска
178 прегледи

Германската влада денес ја поздрави одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го прекине повлекувањето на војниците од Германија, со цел да ги одмрзне односите меѓу Вашингтон и Берлин.

„Отсекогаш верувавме дека присуството на американските сили во Германија придонесува за европската и трансатлантската безбедност“, рече портпаролот на Ангела Меркел, Стефан Киберт, на редовната прес-конференција, нагласувајќи го големото значење на соработката со американската војска, која трае со децении.

Бајден во четвртокот објави замрзнување на повлекувањето на американските војници од Германија, додека глобалното распоредување на воените сили сè уште трае.

Со одлука на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, Пентагон во јули објави дека има намера да повлече од Германија околу 12 000 војници. Овој потег беше последица на долготрајниот конфликт на Трамп со Берлин поради неуспехот да се постигне целта на НАТО во врска со трошењето на одбраната.

Јужна и западна Германија своевремено беа преплавени со американски воени бази, од кои многу потекнуваа од Втората светска војна кога меѓународните сојузници ја поразија нацистичка Германија.

Во моментов има многу помалку американски војници во Германија отколку за време на Студената војна.

Слични содржини