Бајден ја зголеми квотата на бегалци кои можат да влезат во САД на 62.500

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да го зголеми од 15.000 на 62.500 бројот на бегалци кои можат да влезат во САД во годината што следи, по критиките од неговите приврзаници дека тој продолжува да го одржува бројот на историски низок минимум.

„Денес го менувам прагот за годишен прием на бегалци во САД, кој преминува на 62.500“, рече Бајден во изјавата.

Набргу откако ја презеде функцијата во јануари, тој вети дека ќе ја зајакне програмата за прием на бегалците, но потоа ги изненади сојузниците одлучувајќи да го задржи низок бројот.

Одлуката за привремено одржување на историски нискиот плафон на 15.000 бегалци, број што го постави Доналд Трамп, донесе изненадување во демократскиот табор.

Во изјавата од понеделникот, Бајден рече дека неговиот нов потег „го брише историски нискиот број поставен од претходната администрација на 15.000, што не ги рефлектира американските вредности како нација што прифаќа и поддржува бегалци“.