Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека не знае дали објавената одлука на Врховниот суд за абортус е точна или ја одразува конечната одлука, но тврди дека неговата администрација ќе биде подготвена да одговори кога ќе се донесе одлуката за да се заштитат правата за абортус.
„Верувам дека правото на жената на избор е основно“, рече Бајден во изјавата, пренесува Ројтерс.
Првичната, неофицијална одлука која протече во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот Роу против Вејд, со кој во 1973 година се легализираше абортусот низ САД, објави претходно денеска американскиот портал Политико.
Репортерот на „Политика“, кој ја објави таа информација, прецизира дека можеби во меѓувреме се сменило мислењето на судијата, објавено на 10 февруари.
Ројтерс досега не можеше да ја потврди оваа информација од независни извори, но доколку е точна, би било преседан предлог-одлуката на Врховниот суд да биде пуштена во јавност пред нејзиното официјално објавување.