Бајден ќе добие споменик во Косово, во близина на Бондстил

од Nikola Popovski
230 прегледи

По повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, во Соево кај Феризај, во близина на американскиот воен камп Бондстил, започнаа работите на проектот за уредување на зелените површини и поставување на статуата на американскиот претседател Џозеф Бајден, пренесува „Клан Косово“.

Членови на американскиот КФОР од Бондстил и граѓаните на Феризај учествуваат во проектот, во соработка со мрежата на невладини организации „Авонет“.

Вредноста на проектот, кој ќе биде финансиран од граѓани и компании од Феризај, се очекува да изнесува повеќе од 600.000 евра.

Учесниците на проектот му оддадоа почит кај обелискот, подигнат во чест на Бо Бајден, покојниот син на американскиот претседател.