Американскиот претседател Џо Бајден треба да одобри нов пакет оружје во вредност од најмалку 100 милиони долари за Украина во петок или викенд, изјавија четворица американски претставници за Ројтерс.
Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, САД и испорачаа оружје на Украина во вредност од 3,4 милијарди долари, а оружјето вклучува хаубици, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“, противтенковски ракети „Џавелин“, муниција и панцири.
Официјалните лица, под услов да останат анонимни, рекоа дека следниот пакет најверојатно ќе вклучува повеќе муниција за системи како хаубици. Пентагон соопшти дека приближно 184.000 парчиња артилериска муниција веќе се испорачани.
Официјално соопштение се очекува во следните 24 часа, соопштија двајца официјални лица.