Бајден: Ќе одговориме брзо и жестоко на Талибанците ако нападнат некој од нашите луѓе

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден повторно се обрати до јавноста во врска со авганистанската криза и ја прокоментира евакуацијата на американските државјани од таа земја, како и локалниот персонал кој им помага на американските сили.

„Ние сме во постојан контакт со Талибанците. Ние им рековме дека можат да очекуваат брз и жесток одговор ако се случи напад. Ние, исто така, се договоривме со нив за слободен премин до аеродромот за нашите граѓани“, рече тој.

Тој истакна дека 6.000 американски војници во моментов се на аеродромот во Кабул.

„Ќе го завршиме повлекувањето и 20 -годишното делување на САД во Авганистан“, додаде тој.

На прашањето дали САД го изгубиле кредибилитетот, тој рече дека веруваат во спротивното.

Слични содржини