Бајден ќе има средба со семејствата на осуммината Американци кои се заложници на Хамас во Газа

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска лично ќе се сретне со семејствата на осуммината Американци чие место на живеење се уште не е познато и за кои се верува дека се заробени од Хамас за време на бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, соопшти Белата куќа.

Членовите на семејството на сите осум Американци ќе учествуваат на состанокот со Бајден, лично или преку Интернет, изјави висок претставник на администрацијата.

Американскиот претседател претходно се сретна онлајн со некои од членовите на семејството, додека со други разговараше по телефон.

Бајден треба да им даде најнови податоци за напорите на САД да обезбедат ослободување на оние што ги држи Хамас.

„Тоа ќе ги увери дека нема да ги изгубиме од вид нивните сакани, дека нема да престанеме да се обидуваме да ги вратиме дома“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

Кирби нагласи дека американските власти од час во час се обидуваат да добијат повеќе информации за нив и да направат договор за да ги вратат дома.

За осуммина Американци сè уште не се знае каде се, додека четворица беа ослободени како дел од договорот за прекин на огнот во израелската војна против Хамас во Газа што беше постигнат со помош на Катар и Египет.

Белата куќа соопшти дека Хамас и други милитантни групи убиле најмалку 31 Американец на 7 октомври.

На средбата на Бајден ќе му се придружат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и заменик-советникот за национална безбедност Џон Фајнер, изјави висок претставник на администрацијата.

Слични содржини