194
Претседателот на САД, Џо Бајден, на состанокот со израелскиот претседател во заминување Реувен Ривлин во Белата куќа клекна пред шефот на кабинетот на Ривлин, Ривка Равиц, поради фактот дека таа има 12 деца.
Ривлин му спомна на Бајден дека Равиц (45), која со години му е клучен советник, покрај нејзиното тешка работа, управува со домаќинство од 13 лица, објави „Ерусалим пост“.
Откако го слушна ова, Бајден клекна пред неа и така покажа восхит и почит.
Потоа тој стана и рече: „Тука имам слика од мојата мајка. Мора да видите каква беше! “