277
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со јапонскиот цар Нарухито во Кралската палата во Токио, за време на неговата турнеја низ Азија.
Оваа средба е прва откако двајцата се сретнаа во декември 2013 година, кога Нарухито беше престолонаследник, а Бајден беше потпретседател на САД, објави Кралската прес агенција, пренесе агенцијата Кјодо.
Ова е втор пат актуелниот јапонски цар, кој го презеде тронот на први мај 2019 година, да биде домаќин на американскиот претседател за време на неговата државна посета.