Бајден најави 2,5 милијарди долари помош за Украина

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Американскиот претседател, Џозеф Бајден денеска објави дека САД ќе достават дополнителна безбедносна помош во вредност од 2,5 милијарди долари за Украина.

„Според моите инструкции, САД ќе продолжат да работат неуморно за зајакнување на позицијата на Украина во оваа војна, се додека јас сум на позицијата претседател“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.

Најавената помош вклучува 1,25 милијарди долари воена помош од американските залихи, како и пакет од 1,22 милијарди долари од Иницијативата за безбедносна помош на Украина (УСАИ).

Слични содржини