Американскиот претседател Џо Бајден во средата најави испраќање на повеќе оружје во вредност од 1 милијарда долари за Украина, кое според изворите вклучува противбродски ракетни системи, топовски гранати и полнења за хаубици.
Бајден во телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зелински соопшти дека го информирал украинскиот лидер за новото оружје.
„Го информирав претседателот Зеленски дека САД ќе обезбедат повеќе милијарди долари помош за Украина, која вклучува дополнителни артилериски и крајбрежни одбранбени системи, како и артилериска муниција и напредни ракетни системи“, рекол Бајден во изјавата по 41-минутниот разговор.
Претседателот најавил и дополнителна хуманитарна помош од 225 милиони американски долари за украинските цивили, која вклучува снабдување со вода за пиење, критични медицински материјали и пари за основните потреби на жителите.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, во средата ги обвини западните земји за „индиректна војна со Русија“.
„Сакам да им порачам на западните земји кои ја снабдуваат Украина со оружје – крвта на цивилите е на вашите раце“, рече тој.
Украина ги повикува САД и другите западни земји да и снабдат оружје поради зголемениот притисок од руската армија во источниот регион Донбас.