Бајден најави решение на косовското прашање: Ќе работиме заедно

од Nikola Popovski
300 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави,Џозеф Бајден, испратил писмо до вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, по повод 13-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, во кое тој рекол дека силните врски меѓу американскиот народ и граѓаните на Косово ќе останат и во иднина.

Писмото на американскиот претседател го споделила канцеларијата за медиуми на Претседателството на Косово.

„Очекуваме и едвај чекаме да соработуваме со новата влада на патот на Косово кон интеграција во ЕУ. Треба уште многу да се работи за да се постигне нормализација на односите со Србија, како и да се обезбеди постигнување на конечен договор со заемно признавање“, се вели во писмото на американскиот претседател до Вјоса Османи.

Во писмото се наведува и дека Косово има посебно место во семејството Бајден, имајќи предвид дека најстариот син Бо Бајден, кој почина од рак, помина дел од својата кариера во Косово.

Слични содржини