Бајден не поддржува израелски напад врз иранските нуклеарни постројки

од Nikola Popovski
14 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека не го поддржува израелскиот напад врз иранските нуклеарни постројки и посочи дека „релативно наскоро“ ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Мојот одговор е – не“, одговори Бајден на прашањето што мисли за можноста Израел, како одговор на ракетниот напад од Иран, да ги бомбардира иранските нуклеарни постројки, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој рече дека САД ќе разговараат со Израелците како би можеле да одговорат на ирански ракетен напад.

Според него, сите членови на Групата 7, со кои разговарал во текот на денот, се согласиле дека Израел треба „пропорционално да одговори“.

Бајден рече дека САД им нудат совети на израелските власти за потенцијален одговор на ирански напад.

„Ќе разговараме со Израелците за тоа што е најдобро за нив, постојано разговараме со луѓето на Нетанјаху“, рече Бајден.

Телефонските разговори на Бајден со Нетанјаху минатата година беа на моменти многу тензични поради големите несогласувања околу акциите на Израел во Газа.

Слични содржини