САД и НАТО не претставуваат закана за Русија, немаат ракети во Украина, ниту пак планираат да ги распоредат таму, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден во своето обраќање до нацијата.
Американскиот претседател посочи дека Вашингтон е подготвен да потпише безбедносен договор со Русија, доколку тој биде постигнат.
Тој посочи дека САД се согласуваат со Русија дека треба да продолжат да преземаат дипломатски напори за прашањето за безбедноста во Европа.
Бајден изјави дека САД ќе го поздрават враќањето на руските војници во нивните бази по воените вежби, но засега немаат информации ниту за тоа.
Според Бајден, се уште постои можност Русија да ја „нападне“ Украина.
Подготвени сме да одговориме решително во случај Русија да ја нападне Украина, а тоа е сепак многу веројатно“, рече американскиот претседател, не наведувајќи никакви докази за своето тврдење.