Бајден: Нема да заминеме бидејќи ако го направиме тоа Украина ќе биде потчинета

од Milan1
459 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден нагласи денеска дека САД „нема да си заминат“ од Украина, која се бори против руските сили повеќе од две години.

-Нема да заминеме бидејќи ако го направиме тоа Украина ќе биде потчинета и нема да заврши тука. Соседите на Украина ќе бидат загрозени, цела Европа ќе биде загрозена, рече Бајден за време на комеморацијата на 80-годишнината од Денот Д во Нормандија.

Тој го оквалификува рускиот претседател Владимир Путин како „тиранин наклонет кон доминација“.

Слични содржини