Бајден објави дека е ослободено од Хамас американско четиригоришно девојче

од Radmila Tasevska
381 прегледи

Четиригодишното американско девојче е безбедно во Израел откако беше ослободено во неделата од заробеништво во Газа, рече американскиот претседател Џо Бајден, барајќи да се продолжи паузата во борбите Израел-Хамас за да се овозможи повеќе ослободување заложници.

„Таа е слободна и сега е во Израел“, рече Бајден.

„Таа помина низ страшна траума“, рече Бајден за Абигејл, чии родители беа убиени од милитантите на Хамас кога членовите на исламистичката група го нападнаа Израел на 7 октомври. Во петокот во заробеништво, таа го одбележа четвртиот роденден, рече претседателот.

„Таа сега е безбедно во Израел, а ние продолжуваме да притискаме и очекуваме да бидат ослободени и дополнителен број Американци. И нема да престанеме да работиме додека секој заложник не им биде вратен на нивните најблиски“.

Белата куќа соопшти дека 10 Американци – седум мажи, две жени и Абигејл – биле исчезнати и се претпоставува дека се држени како заложници од Хамас.

Слични содржини