12
Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри воена помош од 571,3 милиони долари за кинескиот регион Тајван, објави Белата куќа.
Белата куќа во соопштението рече дека Бајден му го делегирал на секретарот за домашна безбедност овластување да го насочи повлекувањето до 571,3 милиони долари во одбранбена опрема и услуги од Министерството за одбрана, како и обука и воено образование, за да обезбеди помош за Тајван, објави Ројтерс.
Детали за видот на опремата и услугите не се објавени.