Бајден: Ослободувањето на заложниците од Хамас е само почеток

од Radmila Tasevska
239 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ослободувањето на првата група заложници денеска од Хамас е само „почеток“ и дека има „реални“ шанси да се продолжи привременото примирје во Газа.

Говорејќи пред новинарите во Нантакет, Масачусетс, каде што го поминуваше празникот Денот на благодарноста со своето семејство, Бајден додаде дека е време да се „обнови“ работата за решение со две држави за мир меѓу Израел и Палестинците.

Слични содржини