Бајден откри што ќе преземат САД по нападот на Иран врз Израел

од Nikola Popovski
83 прегледи

Од Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади.

– Разговаравме за тоа како Соединетите Држави се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од овие напади и да го заштити американскиот персонал во регионот – објави Бајден на „Х“ за состанокот одржан со потпретседателката Камала Харис и тимот за национална безбедност на Белата куќа.

Бајден и американскиот потпретседател Камала Харис го следат нападот од Собата за ситуации во Белата куќа.

Речиси 200 проектили биле истрелани од Иран кон Израел, јавува израелското воено радио Sky News. Сирени се слушаа низ целата земја додека беа лансирани проектили пресретнувачи за да ги соборат.

Очевидци изјавиле за Ројтерс дека виделе десетици проектили како летаат над централен Јордан кон Израел.

Силна експлозија се слушнала и во долината Јордан, која се наоѓа на границата меѓу Јордан и Западниот Брег, но и во Ерусалим.

Слични содржини