Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека папата Франциск му рекол дека треба да продолжи да се причестува, по невообичаено долгата средба што ја имаше со него во Ватикан.
Состанокот во четири очу меѓу Папата и Бајден траеше час и 15 минути, а потоа следеа уште 15 минути фотографирање и размена на подароци во присуство на други членови на делегацијата, како сопругата на Бајден, Џил, објави Ројтерс.
Запрашан дали во разговорите се зборувало за абортусот, Бајден рече дека папата му рекол дека е среќен што е добар католик.