Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ќе го покрене прашањето за почитување на човековите права на состанокот со рускиот лидер Владимир Путин во vaенева. Претходно беше најавено дека состанокот на претседателите на Русија и САД ќе се одржи во Женева на 16 јуни.
„Ќе се сретнам со претседателот Путин за неколку недели во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема да стоиме настрана и да му дозволиме да ги крши тие (човечки) права“, рече Бајден, обраќајќи им се на присутните на комеморацијата на Денот на сеќавање.
Претходно беше најавено дека состанокот на претседателите на Русија и САД ќе се одржи во Женева на 16 јуни.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија и САД ќе разгледаат различни аспекти на средбата меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Џозеф Бајден, вклучително и форматот на состанокот, учеството на делегациите и усвојувањето документи
„Деталите не се дефинирани, ние само ќе го разгледаме тоа“, рекол Песков на прашањето на новинарите дали средбата Путин-Бајден ќе биде приватно или дали делегациите ќе учествуваат на неа, како и дали некои документи ќе бидат потпишани.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки откри и кои теми ќе ги покрене американската страна за претстојниот разговор.
Псаки рече дека Бајден ќе разговара за стратешката стабилност, Украина и Белорусија на состанокот со рускиот лидер.
„Очекуваме дека тие ќе посветат многу време на стратешката стабилност, тоа се однесува на прашањето за контрола на оружјето“, изјави Псаки пред новинарите, додавајќи дека Бајден планира да го покрене прашањето за Украина.