Бајден по бунтот во Русија: Путин е ослабен, ја губи војната во Украина и војната дома

од Nikola Popovski
242 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин е „непосакуван“ ширум светот, но тешко е да се каже дали е ослабен од неодамнешните настани во кои е вмешан шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Бајден, говорејќи пред новинарите во Белата куќа пред да замине на патување во Чикаго, рече дека Путин очигледно ја губи војната во Украина и „ја губи војната дома и станал некако непопуларен ширум светот“.

Бајден изјави во понеделникот дека САД и НАТО не биле вклучени во краткотрајниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија.

Во својата прва реакција на бунтот, тој рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има врз војната во Украина, пренесе АП.

Белата куќа е внимателна околу коментарите за последиците од неуспешниот пуч од минатиот викенд на Пригожин во Русија, кога паравоените трупи зазедоа воени бази и напредуваа кон Москва пред да се вратат назад.

Слични содржини