328
Американскиот претседател Џо Бајден денес изјави дека планира да ја посети границата со Мексико во одреден момент и дека неговата администрација работи на тоа потенцијалните мигранти да аплицираат за азил во своите матични земји.
На прашањето што друго може да се стори за да се убедат мигрантски семејства да престанат да ја преминуваат границата, Бајден им изјави на новинарите:
„Има многу повеќе работи кои ги правиме сега, вклучително и повторно воспоставување на тоа што претходно постоеше – а тоа е да можат да останат таму каде што се и да поднесат барања од своите матични земји“, пренесува „Ројтерс“.