Бајден: Подготвени сме да се соочиме со „омикрон“

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, во вторникот изјави дека неговата земја е подготвена да се соочи со „омикрон“ варијантата на коронавирусот што се шири, пренесе „Бета“.

Американскиот лидер додаде дека нема причина за паника, барем за граѓаните кои ја примиле вакцината.

„Сите треба да бидат загрижени за „омикрон“, но не смееме да паничиме. Подготвени сме“, рече Бајден.

Американскиот претседател рече дека за разлика од почетокот на пандемијата на корона вирусот, земјата сега е опремена со вакцини и има многу заштитна опрема особено за медицинскиот персонал кој е во директен контакт со заразените.

Бајден посочи дека оние кои не биле вакцинирани треба да бидат загрижени, додавајќи дека нивна „патриотска должност“ е да ја примат вакцината против коронавирусот.

Приближно 73 проценти од новите инфекции во Соединетите Држави имаат „омикрон“ сој на коронавирус.

Слични содржини