Бајден: Подготвени сме за преговори со Русија, Кина и С. Кореја, за намалување на нуклеарното оружје

од Milan1
11 прегледи

САД се подготвени да преговараат со Русија, Кина и Северна Кореја за намалување на нуклеарното оружје без предуслови, се вели во писмената изјава на американскиот претседател Џозеф Бајден дадена на доделувањето на овогодинешната Нобелова награда за мир на јапонското здружение на преживеаните по експлодирањето на атомската бомба „Хиданкио“.

Бајден смета дека светската заедница „мора да продолжи да напредува кон денот кога конечно и засекогаш ќе може да го ослободи светот од нуклеарното оружје“, јавува „Киев индепендент“.

– Соединетите Американски Држави се подготвени да преговараат со Русија, Кина и Северна Кореја без предуслови за намалување на нуклеарната закана. Не е корисно ниту за нашите земји, ниту за целиот свет да се забави напредокот во намалувањето на нуклеарните арсенали. Овие нуклеарни ризици ги поткопуваат нормите и договорите со кои работевме заедно за да ја создадеме и да се спротивставиме на виталната работа на денешните нобеловци“, рече американскиот претседател.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков претходно изјави дека САД ја покануваат Русија на разговори за стратешка стабилност без предуслови за да се обидат да обезбедат унилатерална воена предност, но Москва е категорично против тоа.

 

Слични содржини