Бајден подготвува одговор: Одржана е средба пред нападот на Иран

од Илинка Илиоска
87 прегледи

Претставници на американските разузнавачи објавија дека имале средба со американскиот претседател Џо Бајден, а темата била, како што се претпоставуваше, потенцијален напад на Иран и неговите сојузници врз Израел.

Еден од високите функционери рече дека Иран дефинитивно ќе возврати, но дека одговорот на Иран и Хезболах се уште е во процес на планирање.

Она што разузнавачите најмногу разговарале со Бајден, но и со потпретседателката Камала Харис, е интензитетот на нападот. Според проценките, разузнавачките служби нагласиле дека се очекува сценарио од два брана напади.

Слични содржини