Бајден потпиша наредба за проширување на антируските санкции

од Radmila Tasevska
164 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се отвора патот  Вашингтон да воведе санкции за финансиски институции што и помагаат на Русија да ги избегне санкциите, соопшти Белата куќа.

Извршната наредба му дава на Вашингтон можност да ги прошири забраните за увоз на одредени руски стоки, како што се морски плодови и дијаманти, соопшти Белата куќа.

„Испраќаме непогрешлива порака: секој што ги поддржува незаконските воени напори на Русија е изложен на ризик да го изгуби пристапот до финансискиот систем на САД“, нагласи во изјавата советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Високи претставници на администрацијата, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека новата извршна наредба јасно ќе им стави до знаење на финансиските институции дека мора или да престанат да им дозволуваат на нивните компании да испраќаат компоненти и стоки во рускиот одбранбен сектор или ќе се соочат со значителни санкции.

Слични содржини