331
Американскиот претседател Џо Бајден им се придружи на повиците за оставка на гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо поради обвинувањата за сексуална злоупотреба на повеќе жени.
„Мислам дека тој треба да поднесе оставка“, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа.
Петмесечната истрага откри дека гувернерот на државата Њујорк сексуално злоставувал неколку жени, објави во вторникот државното обвинителство, пренесе „Ројтерс“.
Куомо, како што покажа истрагата, прегрнувал, допирал, бакнувал и давал несоодветни изјави на жени, од кои 11 се многу млади, без нивна согласност, рече главниот обвинител Летиција Џејмс.