Бајден позитивен на КОВИД-19

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, е позитивен на тестот за Ковид-19 и има „многу благи симптоми“, објави Белата куќа на 21 јули.

Бајден (79), кој е целосно вакциниран, ќе биде во изолација во Белата куќа и ќе продолжи да ги извршува сите свои должности, се наведува во соопштението.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател зема антивирусен лек Паксловид.

Тој ќе учествува на состаноците преку телефон и „Зум“, се додава.

Слични содржини