Бајден прими четврта вакцина: „Воопшто не ме болеше“

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прими својата втора бустер доза од вакцината против коронавирус.

– Мојот втор бустер воопшто не ме болеше. Ако имате 50 или повеќе години или имате послаб имунитет, примете уште еден бустер веднаш штом ќе ги исполните условите, напиша Бајден накратко на Твитер.

Бајден ја прими вакцината ден откако САД ја одобрија четвртата доза на Фајзер/Бионтек или Модерна за луѓе на возраст над 50 години, бидејќи властите предупредуваат на потенцијален нов бран предизвикан од BA.2 подваријантата на омикрон.

Администрацијата за храна и лекови соопшти дека ја засновала својата одлука на нови докази дека дополнителната бустер доза, примена четири месеци по последната доза, ја подобрува заштитата од тешка форма на Ковид-19.

 

Слични содржини