Бајден пристигна во посета на Израел

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден допатува во Израел, каде како претседател ќе ја започне својата прва посета на Блискиот Исток, во рамки на четиридневната турнеја за време на која ќе разговара со израелски, палестински и саудиски претставници.

Бајден ќе биде официјално пречекан за време на церемонијата на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив и ќе слушне извештај за израелските системи за воздушна одбрана Челична купола и Челичен столб.

Подоцна, тие ќе се упатат во Ерусалим на церемонијата на положување венци на споменикот на холокаустот Јад Вашем.

Бајден ќе помине два дена во Ерусалим на разговори со израелските лидери, пред да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас во петок на Западниот Брег.

Тој потоа ќе лета директно од Израел во саудискиот град Џеда во петок, за првпат како американски претседател, на разговори со саудиските власти и сојузниците од Персискиот залив на самитот во тој пристанишен град, пренесува АП.

Слични содржини