Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба поради опасност од недостиг на електрична енергија.
Бајден предложи борбата против недостигот на електрична енергија да биде во надлежност на секретарката Џина Рејмонд со одобрување на ослободувањето од царина за увоз на соларни ќелии и модули од Камбоџа, Малезија, Тајланд и Виетнам.
Оваа мерка ќе трае две години или до укинување на вонредната состојба.
-Прогласувањето на вонредна состојба уследи по одлуката на Бајден да ги користи законите на војната за да го поттикне домашното производство на соларни панели и други извори за производство на таканаречената зелена енергија. Тој ја објасни употребата на овој закон со потребата да се намали употребата на нафта и гас и да се намали зависноста на САД од испораките од „непријателските“ земји, пренесува „Спутник“.