Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе ги почувствува последиците од директно мешање во претседателските избори во САД во 2020 година, со цел нивниот резултат да надвладее во корист на Доналд Трамп.
„Ќе ја плати цената, а какви ќе бидат последиците, ќе видите наскоро“, изјави Бајден за ABC News.
Тој ги даде забелешките по разузнавачкиот извештај кој ги потврдува тврдењата дека самиот Путин стои зад мешањето на Русија во изборите.
Русите возвратија дека станува збор за неосновани обвинувања.