222
Претседателот на САД, Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека Западот ќе изгуби интерес и ќе престане да ја поддржува Украина.
„Додека Русија продолжува со својата бруталност кон Украина, Путин се надева дека ќе го изгубиме интересот. Тој се обложува дека единството на Западот ќе пропадне. Ќе му докажеме дека не е во право, уште еднаш“, напиша Бајден на Твитер.
Тој изјави дека континуираната и координирана поддршка на меѓународната заедница, предводена од Соединетите држави, значително придонела Украина да ја спречи Русија да ја окупира.