Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со кралот Чарлс Трети, оддавајќи ѝ почит на неговата покојна мајка кралицата Елизабета Втора и рече дека сака да ја продолжи нивната блиска врска.
Белата куќа соопшти дека Бајден со задоволство се сеќава на „љубезноста и гостопримството на кралицата, вклучително и кога таа беше домаќин на него и на првата дама во замокот Виндзор минатиот јуни“.
„Тој, исто така, го пренесе големото восхитување на американскиот народ за кралицата, чие достоинство и непоколебливост го продлабочуваат трајното пријателство и посебните односи меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство. Претседателот Бајден ја пренесе својата желба да продолжи блискиот однос со кралот“, стои во соопштението.
Во четвртокот Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје по 96-годишната кралица и беше првиот светски лидер што потпиша книга на жалост, менувајќи го својот распоред тој ден за да ја посети британската амбасада во Вашингтон.
„Жалиме со вас. Таа беше одлична дама. Многу сме воодушевени што ја запознавме“, навел Бајден во книгата на жалост.
Бајден ќе биде меѓу околу 500 шефови на држави и странски функционери кои се очекува да присуствуваат на погребот во понеделник – еден од најголемите собири на кралското семејство и светските лидери во Британија од смртта на таткото на Елизабета, Џорџ Шести.