Бајден рече дека не се очекува наскоро нов договор за заложниците во Газа

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека не очекува во скоро време нов договор меѓу Израел и Хамас за заложниците кои се држат во Газа.

„Вложуваме напори во таа насока“, им рече Бајден на новинарите за време на патувањето кон Милвоки, Висконсин.

Во тек се напори да се преговара за ослободување на уште заложници, при што се очекува шефовите на ЦИА, Мосад и катарскиот премиер да се сретнат и да разговараат за тоа прашање.

Слични содржини